Бабичка болна од коронавирус одбила респиратор: Убаво си проживеав, дајте му го на некој помлад

Постара жена од Белгија болна од COVID-19 почина откако своеволно одбила да биде ставена на респиратор.Пред да почине, 90-годишната Сузане Хојлартс им рекла на лекарите дека убаво си проживеала и дека треба респираторот да го употребат за некој помлад заболен и да му го спасат животот.

Таа била примена во болница на 20 март откако тестот за коронавирус покажал позитивен резултат.

Била сместена во одделение во изолација, а нејзината ќерка Џудит не успеала да се поздрави со неа и да биде со неа на смртната постела.

Ќерката изјави дека не знае како Сузане се заразила, со оглед на тоа дека постојано била дома, изолирана и заштитена. Таа додаде дека мајка ѝ лани имала воспаление на белите дробови.

Пред да ја однесе во болница ѝ рекла: „Не плачи, ти направи сѐ што можеше“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e