Терминот „ерудиција“ потекнува од латински јазик и значи општо, широко познавање од повеќе подрачја. Ерудицијата често се меша и со добро образование. Да, овие зборови се синоними, но лицето со добра ерудиција вообичаено е добро образовано, но добро образованата личност не секогаш да значи и дека има добра ерудиција. Овој тест ќе ви покаже на кој тип припаѓате.. Ваша задача е да направите што е можно помалку грешки.
Антарктикот е најсувото место на планетата
Вистина: Најсувите места на Земјата се сувите долини „МекМурдо“ на Антарктикот. Во некои од овие области немало дожд или снег веќе 2 милиони години.
Сиднеј е главен град на Австралија
Лага: Главен град на Австралија е Канбера.
Големината на човечкото око се менува во текот на животот
Лага: Окото е единствениот орган што не ја менува големината.
Монт Еверест е највисоката планина во светот
Лага: Висината на Монт Еверест е 8.848 метри. Сепак, постои планина висока 10.058 метри. Тоа е Мауна Кеа на Хаваи. Подножјето на планината започнува на дното на океанот, а врвот на само 4.207 метри над нивото на океанот.
Некои Австралијци повеќе сакаат да живеат во пештери отколку во куќи
Вистина: Многу жители на градот Кубер Пиди живеат во пештери за да ѝ избегаат на жешката клима. Сепак тие и во пештерите имаат електрична енергија, резерви на вода, канализација и други неопходни услови за живот.
Растојанието помеѓу Русија и Америка е само 4 километри
Вистина: Овие две земји ги дели море. Во центарот на Беринговото Море има 2 мали острови наречени Диомидски острови, односно Мал и Голем Диомид. Едниот од нив Голем Диомид ѝ припаѓа на Русија (Сибир), а другиот Мал Диомид на САД (Алјаска). Оддалечени се само 4 километри и се наоѓаат во средината на Беринговиот проток,
Мостот Голден Гејт е направен од злато
Лага: Современиот мост Голден Гејт не е направен од благороден метал. Името го добил по теснецот под него.
Јапонците имаат најдолг животен век
Вистина: Очекуваниот животен век во Јапонија е најдолг во светот. Следни на списокот се Швајцарија, Сингапур, Австралија и Шпанија.
Во градот Калама во Чиле, не врнело 40 години
Вистина: Последниот дожд што паднал во овој град е во 1972 година, откако последниот дожд што бил виден таму бил пред 400 години.
Електричниот стол го измислил стоматолог
Вистина: Електричниот стол е измислен од стоматологот Алфред Шутвик.