Зеленски: Подготвен сум за војна доколку не нападне Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека е подготвен да војува во случај на напади врз Украина од Крим.

Тој во интервју за украинскиот весник „Фокус“ истакна дека во таков случај за Украина ќе се борат и мажи и жени.

– Тоа е ужасна ситуација, не сакам ниту да ја замислам. Јас сум против неа. Во спротивно ќе биде голема војна. Никаде не одиме, сите ќе се бориме, и мажите и жените ќе бидат повикани во воена служба, нагласи Зеленски.

Според него, ситуацијата би била многу тешка за Украинците, додека Русите многу добро разбираат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e