Војската на САД соопшти дека непрекинато го напаѓа Иран и дека веќе погодиле и уништиле речиси 2000 цели.
Но, американска организација за човекови права објави дека во нападите во Иран биле убиени и околу 1.100 цивили, меѓу нив и над 180 деца помали од 10 години. Повредени и ранети биле над 5.400 луѓе.
Инаку, вчера во Иран се одржа масовна погребна церемонија за 168 ученички и 14 наставници од школото за девојчиња во градот Минаб, кое беше бомбардирано првиот ден од американско-израелските напади.
