Во центарот на Тирана утринава е убиен 66-годишен маж, за кого медиумите наведуваат дека е познат нарко бос. Мажот е застрелан со огнено оружје со пригушувач. Како што пренесува АБЦ Албанија, станува збор за лицеот Бехар Суло Софија кој и е добро познат на полицијата заради своите криминални активности.
Бехар бил уапсен пред неколку години заради шверцување на десетина килограми дрога од Турција во Албанија, а беше вмешан и во инцидентот во Драч во 2009 година во кој беа убиени четири полицајци. Полицијата претпоставува дека убијците пукале од автомобил во движење.