Во стан во Москва преполн со ѓубре и бубашваби пронајдено диво 5-годишно девојче, не знаело да зборува

Анорексичната петгодишна Љубов не умее ниту да зборува, а ѓерданчето и сраснало во вратот. Префрлена е на интензивна нега.

Полицијата во специјални заштитни одела го спаси полуголото петгодишно девојче кое живеело во еден стан полн со ѓубре во престолнината на Русија.

1791413_profimedia0418736124_ff

Девојчето чие име е Љубов било болно и дехидрирано и не умеело да зборува. Буквално било до гуша во ѓубре.

Изгладнетото девојче е пронајдено неколку дена по исчезнувањето на мајката Ирина Гарашченко (47). Порталот Life.ru пренесува дека полицајците морале да облечат специјална заштитна облека зошто станот буквално бил претрупан со ѓубре и бубашваби. Ѓерданчето кое девојчето го носело, речиси сраснат во нејзиниот врат.

Мајката на девојчето Ирина Грашаченко (47) се појавила во станот неколку дека откако полицијата го одвела девојчето и го сместила на лекување. Соседите повикале полциија, кои ја уапсија мајката монструм. Се верува дека малечката, откако е родена, не излегла од станот и немала никаков контакт со луѓе освен со мајката. Против неа е покренато обвинение за злоставување на дете и обид за убиство.

– Таа не знае да зборува, само испушта некои неартикулирани звуци. И понудивме да пие вода и испи два литри одеднаш, наведоа истражителите.

Руските медиуми девојчето го нарекоа Могли, по угледот на детето кое одрасна со ѕверови, јунак во „Книга за џунглата“. Меѓутоа, неа друштво не и правеа ниту мачки ниту кучиња.

1791411_profimedia0418736023_ff

– Ѓубрето кое се распаѓа смрдеше неподносливо. За малку ќе се онесвестевме од глетката која ја затекнавме во станот и смрдеата. Девојчето седеше покрај прозорецот во кујната. Беше речиси гола, на себе имаше само капа и некаква искината маичка. Плачеше. Немаше никаде храна, а бубашваби насекаде, рече еден од соседите кој прв влезе во станот пред да ја повика полицијата.

Соседите наведуваат дека мајката Ирина Гарашченко (47) пред пет години дошла со ќерката и потоа рекла дека девојчето го однела да живее кај бабата. Таткото на девојчето е депортиран во Украина. Соседите наведуваат дека мајката на детето изгледала нормално, секогаш соодветно облечена и тврдела дека работи на одржување на хигиена во соседниот стамбен блок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e