Во Сирија поради експлозија на возило загинаа пет лица

Најмалку пет лица загинаа, а неколку се повредени денеска при експлозија на возило на пазар во северниот дел на Сирија.

Возилото било натоварено со експлозив, а потоа е активирано во едно село во близина на границата со Турција.

За инцидентот информираше Сириската национална коалиција, со седиште во Турција, и Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, со седиште во Велика Британија, која наведува дека 20 луѓе се повредени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e