Во Подгорица секој трет брак завршува со развод

Современиот начин на живеење, економската несигурност и дигитализацијата се главните причини за порастот на разводи во Подгорица, вели професорот Раде Шаровиќ од Универзитетот во Црна Гора.
До средината на октомври годинава биле склучени 739 бракови, а 219 разведени, со уште околу 130 нерешени случаи. Тоа значи дека околу 30 проценти од браковите завршуваат со развод. Минатата година бројките биле уште подраматични – од 750 бракови, 360 биле разведени.
Шаровиќ објаснува дека бракот денес повеќе не се гледа како економски и репродуктивен сојуз, туку како емоционален проект, што го прави покревок. Дополнителен проблем е несигурниот пазар на труд, кој создава стрес кај партнерите, особено во посиромашните слоеви каде што нестабилноста најмногу ги тера паровите кон разделба.
Како фактори ги наведува и дигитализацијата, современите медиуми и промените во сфаќањето на блискоста и верноста. Поради сето тоа, општеството, вели тој, веќе не нуди колективна поддршка за одржување на бракот.
Минатата година во Црна Гора биле склучени 2.852 бракови, а 853 се разведени. Според Шаровиќ, причините за разводите се комбинација од економска несигурност, промена на родовите улоги и слабеење на традиционалниот семеен модел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e