Сплитскиот институт за океанографија и рибарство објави важно предупредување за отровен вид риба фатена во морето во близина на островот Пашман.
Станува збор за отровна и инвазивна надувалка со сребрени риги (Lagocephalus sceleratus). Овој вид содржи исклучително моќен отров тетродотоксин, кој може да предизвика сериозни здравствени проблеми, понекогаш дури и смрт, ако се консумира.
Покрај отровот, овој вид има и силна вилица со остри заби, па неговиот залак може да предизвика сериозни повреди.
Овој вид риба не е карактеристична за Јадранското море.