Во близина на Зворник, во експлозија на бензинска пумпа загина едно лице

Едно лице загина, а осум се повредени во експлозија што се случи на бензинска пумпа во близина на Зворник.

Седум повредени лица се преесени во болницата Зворник, а едно во болницата Лозница, соопшти полицијата на Зворник.

Од седумте повредени во болницата Зворник, петмина се со полесни повреди.

Експлозијата се случила околу 10:40 часот кога автомобил удрил во табла со инструменти за гориво. Објектот на пумпата и неколку возила се целосно изгорени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e