Во Киев ноќта меѓу втори и трети јануари дојде до тепачка меѓу 26-годишниот припадник на обезбедувањето на украинскиот претседател Петро Порошенко, Василиј Хмељук и минувач кој имал две кучиња.
Телохранителот доби удар во глава по што падна и наскоро почина.
Како што пишуваат медиумите, осомничен за убиството е познатиот украински боксер Петро Очеретјани и сега му се заканува затвор од 15 години.
Снимката од убиството на членот на обезбедувањето на украинскиот претседател е објавена на интернет.