Силно невреме и урагани зафатија вчера делови од Полска.
Најлошо било на југот на земјата , во областа Биелско, каде жителите биле погодени од големо торнадо. Невремето ги корне покривите на куќите и предизвика голема материјална штета, а застрашувачката сцена била снимена од локалните жители.
Во позадина, може да се слушнат и врисоците на мештаните кои биле целосно немоќни против силите на природата. Видеото веднаш се рашири на социјалните медиуми и веќе го виделе неколку милиони луѓе.
Исто така, на Твитер го сподели и полскиот пратеник Мирослав Сухон, кој предупреди дека ваквите екстремни временски настани се случуваат се почесто и дека полската влада не е подготвена за нив. „Владата сè уште го игнорира проблемот и не турка во катастрофа“, додаде тој.