Снимен е моментот на силниот земјотрес во Петриња кога луѓето буквално не можат да се задржат на земјата. Тоа се случило додека градоначалникот на Петриња давал изјава за медиумите, при што снимателот на Радио Бановина успеал да го сними токму тој момент кога земјата почнала силно да се тресе, а луѓето едвај се обидуваа да се задржат на земјата.
Како што соопшти вчера Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ), во Хрватска се почувствувале 20 земјотреси во последните 37 часа. Треба да се нагласи дека станува збор за земјотреси што се почувствуваа бидејќи, всушност, имало повеќе земјотреси во Хрватска, но сите не биле почувствувани.
Хрватска беше погодена од разорниот земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала.
Сеизмологот Сњежан Преволник денес изјави дека не поминуваат неколку секунди без земјотрес.
„Претстои период на исклучително активна сеизмичка активност, која, се плашам, ќе трае многу долго, дури и повеќе од една година“, рече тој.
Вчера во 18.29 часот, во централниот дел на Хрватска, е почувствуван нов земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот бил на 18 километри западно од Сисак и 42 километра југоисточно од Загреб, пренесува ЕМСЦ. Се почувствувал и во Сисак, Загреб, Петриња, Мала Горица…
Околу 18.58 часот на истиот простор бил почувствуван уште еден умерено силен земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала.
Тоа бил 20-тиот земјотрес почувствуван во Хрватска во последните 37 часа, објави ЕМСЦ.