Жителите во северниот грчки град Касторија ги разбуди силна експлозија, во која трикатен хотел наречен комплекс Цамис беше целосно срамнет со земја. Според досегашните информации за сега нема повредени.
Експлозијата се случила околу 01:30 часот, уништувајќи го објектот со 80 соби, лоциран на околу четири километри од Касторија. Причината за експлозијата не се знае, но властите соопштија дека се сомневаат на истекување на гас.
На својата веб-страница Хотел Цамис се рекламира како хотел со три ѕвездички кој има традиционален архитектонски стил. Хотелот Цамис нуди шармантен поглед на езерото, прекрасна градина и простории со поглед на езеро или градина.
Хотелот Цамис се наоѓа на 2,5 милји од градот Касторија и нуди соби и луксузни апартмани.