(ВИДЕО) Прва исповед на девојката што Матеј ја барал во Белград: Жал ми е, барем да му се јавев…

Во Белград пристигнала пред Периш, а според некои медиуми станува збор за девојка која редовно ги посетува ноќните клубови и белградските кафулиња.

Потрагата по исчезнатиот Матеј Периш трае веќе 20 дена, а информациите кои кружат за таа вечер се уште се доста контрадикторни. Ново светло на истрагата фрли и податокот дека Периш во неколку наврати се обидувал да стапи во контакт со Маја С., сплиќанката, која исто така во тоа време била во Белград, но не и со друштвото на Матеј, пишува Нова.рс.

Таа во Белград пристигнала пред Периш, а според некои медиуми станува збор за девојка која редовно ги посетува ноќните клубови и белградските кафулиња, а се верувало дека Периш ја контактирал поради тоа, гледајќи на социјалните мрежи дека е во Белград.

Откако во јавноста излезе информацијата дека таа е последниот контакт на Матеј, таа ги исклучи своите профили на социјалните мрежи и се повлече, до сега.

Според Маја С., сега жали што не одговорила на повикот на Периш.

-Нормално се каам, тоа е најголемата болка од сите бидејќи мислам дека ако ме известеше дека доаѓа во Белград, ќе им кажев каде да одат и што да прават, изјави Маја С. за емисијата „Експлозив“ која ќе се емитува вечерва на телевизијата Прва.

Ова е првпат сплиќанката да излезе во јавноста и да каже нешто за исчезнувањето на Периш. Претходно имаше информации дека Маја С. и Матеј Периш се познаваат со години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e