Првите пациенти денеска пристигнаа во новата болница во Вухан, која беше изградена за само десет дена како дел од напорите на Кина за борба против новиот коронавирус.
Болницата Хуошеншан и уште една медицинска установа со 1.500 кревети, која треба да биде отворена во текот на оваа недела, забрзано се градеа во изминатите денови откако нагло се зголеми бројката на заразени. Вухан се смета за центар на заразата откако токму таму пред нова година за првпат беше идентификуван новиот вирус.
Новата болница има 1.000 кревети и таа се градеше од монтажни објекти донесени од работничко одморалиште во околината на Вухан.
Фото: АП