Од грчка страна веќе се појавија наводи дека Турците намерно ги туркаат мигрантите кон нивната земја.
Не стивнува напнатата ситуација со мигрантите на грчко – турската граница.
Грчката полиција успеала да се одбрани од налетот на мигрантите, кои според одредени проценки долж копнената грчко – турска граница, ги има повеќе од 20.000.
На социјалните мрежи е објавена уште една шокантна снимка, меѓутоа нејзината автентичност не е потврдена.
The evidence is clear. Turkish police are forcing migrants to the borders. Turkey is a rogue state under Sultan Erdogan. h/t @BasedPoland pic.twitter.com/7HqeyfKUSE
— David Vance (@DVATW) March 5, 2020
Како што се тврди, маж во полициска униформа во автобус, наводно мигрантите ги донел до границата со Грција. Потоа го вади пиштолот од футролата, удира еден мигрант и со погрдни зборови го истерува него и останатите од возилото.
Тој цело време им се заканува со пиштолот и во еден момент го репетира и тргнува кон дете кое има околу 5 – 6 години. Детето со наведната глава бега од автобусот, а по него и останатите исплашени патници.
Од грчка страна веќе се појавија наводи дека Турците намерно ги туркаат мигрантите кон нивната земја.