Кабинетот на белорускиот претседател деманитира дека хеликоптерот што слета пред Палатата на независноста требало да го евакиира Александар Лукашенко.
Според Кабинетот, Лукашенко не е евакуиран туку со хеликоптер пристигнал во својата резиденција. На социјалните медиуми објавена е снимка како Лукашенко се симнува од хеликоптер, носи панцир, а во раката држи пушка.
Претходно дел од белоруските медиуми објавија дека хеликоптер слета на територијата на Палатата и претпоставуваа дека со него ќе биде евакуиран Лекушанко.
Лукашенко вышел из вертолета с автоматом в руках https://t.co/plLSUMm7WJ pic.twitter.com/xmBQbqdjxZ
— РИА Новости (@riabreakingnews) August 23, 2020
Според објавите на социјалните мрежи на денешниот протест во Минск учествуваат повеќе од 250.000 луѓе, додека според проруските агенции бројот на демонстранти изнесува 70.000.
Во меѓувреме формиран е „Синџир на слободата“ долг 30 километри од главниот град на Литванија, Вилнус до границата со Белорусија. На демонстрантите им се придружи и поранешната литванска претседателка Далија Грибускајте.