Инцидент вчера се случи во хрватското Собрание.
Се работеше за прашањето за поглавјата кои Србија ги отвора во пристапните преговори со ЕУ. Ова несогласување за малку не заврши со тепачка во хрватското Собрание помеѓу пратеникот од опозициската партија Мост, Никола Грмоја и премиерот Андреј Пленковиќ. Премиерот на обвинувањата му рече на пратеникот дека е јаден, а овој му врати дека работи за српски интереси и дека е нервозен затоа што тоа му го кажува.