И утрово се тресеше во Хрватска, регистрирани два умерени земјотреси во близина на Петриња и Сисак

Жителите на Петриња и на Сисак, немаат мир ниту на новогодишната ноќ. Во близината на овие две места утрово се регистрирани нови два умерени земјотреси.

Првиот потрес бил со јачина од 3,2 по Рихтер во 4:52 часот, а епицентарот бил 12 километри југозападно од Петриња. Вториот земјотрес со јачина од 3,1 степен бил регистриран во 6:37 часот, а бил 19 километри југозападно од Сисак.

Тлото на тоа подрачје и натаму не мирува после катастрофалниот земјотрес со јачина од 6,2 степени, кој досега однесе седум човечки животи.

После тој земјотрес, следуваа помали, а до вчера вкупно на број биле 265 со јачина од над 1 степен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e