Ученик со нож повредил четворица луѓе во основно училиште во Осло

Ученик во едно основно училиште во норвешката престолнина Осло, повредил еден наставник и тројца вработени, соопшти норвешката полиција во вторникот наутро.

Како што пренесува „Спутник“ полицијата била повикана околу 9 часот по локално време и уапсила ученик кој ги нападнал учителот и вработените во училиштето со нож.

Како што соопшти полицијата, четворицата вработени во училиштето Бринсенг во источно Осло префрлени се во локалната болница со полесни повреди.

„Повредените се вработени во училиштето. Се уште на терен се неколку патроли и спроведуваме испитување на сведоците“  – се наведува. Од полицијата соопштуваат дека уапсеното дете е “многу младо“.

Школото Бринсенг е отворено во 2017 година и во него учат деца на возраст од 6 до 13 години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e