Сопругите на водачите на најбруталниот клан во регионот, Вељко Беливук и Марко Миљковиќ, како и свекрвата на Беливук, вчера беа уапсени под сомнение дека переле пари заработени од криминална група од шверц на дрога, киднапирање и убиства.
Освен Бојана Беливук, Тања Миљковиќ и свекрвата на Веља Невоља, Снежана Ѓорѓевиќ, уапсена е и Марија Милутинов, невенчаната сопруга на обвинетиот член на таа криминална група Филип Ивановски.
Бојана Беливук и Тања Миљковиќ по сослушувањето во Обвинителството беа ослободени.
Обвинителот донесе наредба за спроведување истражна постапка против сите лица.
Сите четири жени се уапсени во своите домови. Припадници на Управата за криминалистичка полиција во четвртокот утрото упаднале во нивните куќи, извршиле претрес, а потоа осомничените биле донесени на распит во Обвинителството за организиран криминал.
Според МВР, тие од 2015 година до почетокот на 2021 година се товарат дека на легални патишта ставиле повеќе од еден милион евра од криминалните активности на Беливук, Миљковиќ и други членови на нивната организирана криминална група.
Осомничени се дека уплатиле пари на повеќе банкарски сметки и купиле станови на територијата на Панчево и Белград, кои биле регистрирани на имиња на други лица кои биле поврзани со нив.
Српските медиуми пишуваат дека по примерот на бруталниот „земунски клан“ и Вељко Беливук ја изградил својата „тврдина“ во белградската населба Звездара.
Овој „мал Шилер“ има неколку ката излеани во бетон, а поставено е и оклопно стакло. Внатре во куќата, сведочел на пред нивното апсење извор, бил направен таен коридор што ја поврзува оваа зграда со соседната вила, која е во сопственост на неговиот „партнер“ и воедно уапсениот Марко Миљковиќ. Затоа вчераутрото, кога специјалците дошле на врата, таму ги нашле сите осомничени, бидејќи практично живеат заедно.
Куќата на Марко е опкружена со високи ѕидови со шилци, а ја „красат“ безбедносните камери чија индивидуална вредност надминува 10.000 евра. Полицијата вчера ги отстранила камерите и ги однела.
„Кратката улица е целосно покриена со видео надзор, а софтверот е толку чувствителен што ја сигнализира безбедноста на куќата доколку истиот лик двапати се појави пред оваа мафијашка зграда“, вели извор од истрагата.