Уапсен свештеник на СПЦ поради сексуален напад врз две малолетни деца

Црногорската полиција денеска го уапси 48-годишниот Б.Ќ., осомничен за тешко кривично дело – сексуално злоставување на две малолетни лица. Иако полицијата во официјалното соопштение наведува само иницијали, црногорските медиуми откриваат дека станува збор за свештеник на Српската православна црква (СПЦ) во Црна Гора.

На осомничениот, по сослушувањето, му е одреден притвор во траење до 72 часа.

Според пишувањата на „Портал Аналитика“, случајот го пријавила поранешната сопруга на свештеникот, Н.К., која тврди дека нејзиниот поранешен маж ги вознемирувал нивните две деца.

Во пријавата доставена до Основното државно обвинителство во Цетиње, таа приложила вознемирувачки докази:

Аудио снимки од разговори со децата.
Цртеж чиј автор е едно од децата, кој наводно укажува на злоставувањето.
Побегнала во Сигурна куќа
Медиумите откриваат и мрачна предисторија на ова семејство. Мајката во пријавата навела дека била во брак со Б.Ќ. до 2019 година, кога морала да побегне со децата поради континуирано психичко и физичко насилство кое тој го вршел врз неа. Таа наведува дека во 2020 година, заедно со децата, престојувала во „Сигурна женска куќа“ – засолниште за жртви на семејно насилство.

Од Митрополијата црногорско-приморска на СПЦ засега нема официјален коментар за апсењето на нивниот свештеник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e