Трамп вечерва ќе ја напушти болницата „Волтер рид“

Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва објави дека ќе ја напушти болницата „Волтер рид“ околу 18.30 по локално време.

„Ќе го напуштам одличниот медицински центар „Волтер Рид“ денеска во 18:30 часот. Се чувствувам навистина добро! Не плашете се од Ковид. Не дозволувајте тоа да доминира во вашиот живот. Под администрацијата на Трамп, развивме неколку навистина одлични лекови и знаење. Се чувствувам подобро отколку пред 20 години!“,објави американскиот претседател на Твитер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e