Говорејќи во Женева, Гебрејзус потсети дека на вчерашната конференција за Глобален одговор на Европската комисија на пандемијата на ковонавирус присуствувале лидери од 40 држави и вкупно 7,4 милијарди евра се собрани како поддршка на развојот на лекот и вакцините против Ковид-19. Тој истакна дека настанот е индикатор за силна глобална солидарност и дека сите треба да бидат подеднакво заштитени.