Светот се подготвува за новогодишната ноќ, но прославите за милијарди луѓе овој пат ќе бидат поскромни заради пандемијата на коронавирус и строгите епидемиолошки мерки.
По тешката година во која најмалку 1,7 милиони луѓе починаа од ковид-19, новите бранови на инфекција ги принудија властите повторно да воведат карантин, поради што многу луѓе ќе ја дочекаат Новата година гледајќи телевизија во своите домови.
Од Сиднеј до Рим, огномет, оган и настапи во живо ќе се следат преку Интернет или на телевизија, доколку не бидат откажани.
Долго очекуваните први огномети од 2021 година светнаа на пацифичките острови Кирибати и Самоа, додека ненаселените острови Хоуланд и Бејкер ќе влезат во Новата година 26 часа подоцна, пишува Ројтерс.
Иако пацифичките острови беа поштедени од најлошите последици од пандемијата, новогодишната ноќ сепак ќе биде поинаква поради ограничувањата на границите, полицискиот час и затворањето.
Во Сиднеј, најголемиот град во Австралија, ќе се организира прекрасен огномет, но со малку публика.
Плановите за дозволување поголеми собири се укинати затоа што околу 150 лица се заразиле со коронавирус, поради што патувањето од и до Сиднеј е многу ограничено.
Исто така, Римјаните ќе го пренесуваат преку Интернет осветлување на огромен оган во Циркус Максимус, античкиот стадион, со двочасовна празнична програма со различни уметници.
Италија, која го шокира светот на почетокот на годината со слики од импровизирани мртовечници и истоштени здравствени работници кои ја откриваат сериозноста на кризата, е во карантин до 7 јануари, а полицискиот час е во сила од 22 часот.
Од Франција до Летонија и Бразил, полицијата, а во некои случаи и војската се распоредени за да се осигури дека се почитува ноќниот полициски час и забрането е собирање на голем број луѓе.
Во Лондон погоден од пандемија, 74-годишната американска пејачка Пети Смит ќе ја дочека Новата година со оддавање почит на британските здравствени работници кои починале од ковид-19, што ќе се прикаже на екранот во Пикадили циркус и ќе се емитува преку YouTube.
Кога кристалната топка ќе се спушти на полноќ на Тајмс Сквер во Њујорк, нема да има кој да го поздрави доаѓањето на Новата година бидејќи улиците ќе бидат празни поради пандемијата на корона.
Њујоршките власти објавија дека Тајмс Сквер ќе биде затворен за јавност за Нова година, а настапите во живо ќе бидат достапни за гледање преку Интернет и на телевизија.
Единствено место каде што ќе можат да слават без забрана е Нов Зеланд каде нема коронавирус. Неколку градови таму ќе организираат огномет со само некои мали епидемиолошки ограничувања.
Илјадници луѓе во Дубаи ќе присуствуваат на огнометот и ласерското шоу од зградата Бурџ Калифа, највисоката кула во светот, и покрај големиот број новозаразени. Секој присутен ќе мора да носи маска и да се регистрира преку QR кодови.
Во Бејрут, град кој сè уште не се опоравил од ужасната експлозија на пристаништето на 4 август, властите исто така попуштија. Ноќниот полициски час е поместен и нема да стапи на сила до 3 часот наутро. Баровите, рестораните и ноќните клубови повторно се отворија и нудат одлични новогодишни забави.
Социјалните мрежи се преплавени со слики и видеа од преполни клубови и ресторани, па властите предупредуваат дека по празниците може да се воведе нов карантин.
Во Бразил, каде повеќе од 193 000 луѓе починаа од ковид-19, што го прави втор по црниот број на светот, лекарите со сгравување го чекаат новиот бран.