Спасувачките екипи кои со раце ги копаа последните три метри за да не почне одронот, стигнаа до момчето кое „не дава знаци на живот“.
Засега не се знае во каква состојба е момчето, кое е на пат кон Ургентниот центар.
Експертите предупредуваат дека е невозможно да се потврди дали петгодишното дете е живо, откако цели четири дена минало заглавено во бунар.
Малиот Рајан во вторникот вечер падна во шахта бунар длабок 32 метри кој се наоѓа пред неговата куќа во селото Игхран , по то беше организирана спасувачка мисија.