Оперативците на српската полиција, во текот на предистрагата на сите дела на криминалната група на Вељко Беливук, алијас „Велја Неволја“ и Марко Миљковиќ, се на праг поради три убиства, да разоткријат киднапирање и исчезнување на Лазр Вукиќевиќ, пишува „Новости“.
Имено, меѓу осомничените може да се најде и поранашен функционер и висок службеник на МВР Србија, кој помагал во отстранување на траги. До важни докази полициските службеници ги одвеле снимките од безбедносните камери, но и сведочењата на осомничените, кои во оваа голема акција се нашле зад решетки. Некои од нив биле подготвени да проговорат.
-Некои од осомничените кои биле сведоци на кривичните дела, детално го опишале тој полицаец, кој сакал да се појавува со автомат. Имаме сведочења, а анализираме и снимки. Никој нема да биде лишен од правдата, па макар и да се крие зад државни службеници – наведува извор на истрагата.
Лазар Вукиќевиќ изчезнал кон средината на октомври во Баново брдо. Тргнал на договорена средба со блиндирано возило и повеќе не бил виден.Во овој момент криминалната група предеводена од Вељко Беливук и Марко Миљковиќ се сомничи за три убиства. Станува збор за Горан Величковиќ Гокси, Здравко Радојевиќ и Милан Лјепоји. Овие три злосторства се направени скоро на идентичен начин, а местото на убиството како што постои сомнение, е куќа во Ритопек.