Словенечки пратеник поднесе оставка поради „кражба“ на сендвич

Словенечки пратеник од политичката партија, Листа на Марјан Шарец (ЛМШ), Дариј Крајчич, поднесе оставка по само неколку часа откако ја одминал касата во продавница во близина на зградата на парламентот и „набавил“ сендвич.

Според словенечките медиуми на колегите им рекол дека станувало збор за „општествен експеримент“,

Сè почнало во средата кога пратеникот во текот на расправата за механизмите на контрола на прехранбени производи на матичниот одбор, сакајќи да ја разведри атмосферата, рекол дека механизмите за контрола функционираат добро ако сите се придржуваат до нив, но дека на надзорот сè уште му бега нешто и сето тоа го илустрирал со една бизарна анегдота.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e