Бројот на жртви во цунамито во Индонезија порасна на 420, соопшти денес индонезиската служба за вонредни ситуации.

Најмалку 128 лица се водат за исчезнати, а над 1.400 луѓе се повредени.

Цунамито го погоди островот Јава и југот на Суматра во саботата вечер,  по ерупција на вулкан.

Акцијата за пружање помош на преживеаните е во тек.