Бројот на смртни случаи од коронавирусот вчера пораснал за 38, на 170, додека бројот на заразени над 7.736. Од нив 1.239 се во критична состојба, а има уште 12.167 сомнителни случаи.
Од 170 смртни случаи, 162 се во епицентарот на заразата, во провинцијата Хубеи.
70 случаи се пријавени во повеќе од 20 земји, вклучувајќи ги Јапонија, Германија, Франција, Тајван и Виетнам. Вкупниот број на заразени е повисок од оној кога беа инфицирани од САРС. Во 2002/2003 година од тој коронавирус животот го загубија 774 луѓе од кои 349 во Кина.
Прочитајте и… Мас: Велика Британија ќе мора да прави компримиси за многу важни работи
Во меѓувреме, финските власти потврдија за прв случај на коронавирус во државата. Други 15 лица се под строг лекарски надзор.