Првични резултати од изборите во Црна Гора: Тесно водство за Ѓукановиќ

Според првичните проценки од денешните парламентарни избори во Црна Гора, од обработени 58% од гласовите Демократската партија на социјалистите на Мило Ѓукановиќ освоила 34,4 отсто, а коалицијата „За иднината на Црна Гора“ 33,3%. Коалицијата „Мирот е наша нација“ освоила 12 проценти од гласовите.

Но, опозицијата јавува дека е во предност во Подгорица, но и во Будва каде ДПС за првпат во историјата би била поразена.

На денешните избори рекордна беше и излезноста од речиси 76 проценти, што е за два ипол отсто повеќе од изборите во 2016-та година. На изборите учествуваа шест коалции и пет политички партии.

Гласањето се одвиваше во мирна атмосфера. До ДИК не биле пријавени поголеми инциденти, но евидентирани беа пријави за масовно кршење на правилата за визуелна идентификација на гласачите. Од избирачките одбори не им барале на граѓаните да ги спуштат медицинските заштитни маски, со што потенцијално се овозможува гласање со друг документ за идентификација.

Прочитајте и… Предвремено пензионирање – добро за вработеноста, лошо за Буџетот
Денешните парламентарни избори се единаесетти по воведувањето на повеќепартискиот систем во Црна Гора и петти по прогласувањето на независност на земјата.

На парламентарните избори учествуваа шест коалиции и пет политички партии.

Парламентарните избори ги следеа 2.089 набљудувачи, од кои 265 се странски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e