Принцот Чарлс е позитивен на корона вирус

Во соопштение објавено утринава, Кларенс Хаус потврди дека на 71-годишниот принц Чарлс имал позитивен тест на коронавирус и му бил дијагностициран Ковид-19 .

Наследникот на тронот покажува “благи симптоми” и во “добра здравствена состојба” и се наоѓа во самоизолација во Шкотска заедно со војвотката од Корнвол чиј тест излегол негативен.

“Незвозможно е да се потврди со сигурност каде принцот го закачил вирусот со оглед на големиот број јавни ангажмани кои ги имал во последниве неколку недели.” – стои во соопштението до јавноста.

Последниот јавен настап на принцот Чарлс беше на 12 март кога бил организиран прием и вечера за помош и санирање на последиците од пожарите кои беснееја во Австралија минатата година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e