Почна проверката на германско-американската вакцина против корона

Германската биотехнолошка компанија BioNTech и нејзиниот американски партнер Pfizer објавија дека нивниот главен кандидат за вакцина против коронавирус е доставен до европските регулатори за прелиминарна проверка, пред официјалното одобрување.

Тоа е втора потенцијална вакцина доставена за прелиминарно тестирање до Европската агенција за лекови (ЕМА), по британско-шведскиот производител на вакцини АстраЗенека, која ја развива во соработка со Универзитетот во Оксфорд.

BioNTech е првата германска компанија што отиде толку далеку во развојот на вакцините и прва германска компанија на која и беше одобрено да започне клинички испитувања во земјата уште во април.

Комитетот на ЕМА за лекови за човечка употреба, започна со анализа на податоците собрани во претклиничките испитувања, се вели во соопштението на BioNTech.

Компанијата од Мајнц ја пофалува својата потенцијална вакцина, наречена BNT162b2, тврдејќи дека тие постигнале „охрабрувачки прелиминарни резултати во претклиничките и раните клинички испитувања кај возрасните“.

Во соопштението на ЕМА се вели дека сè уште не може да се донесе заклучок за безбедноста и ефикасноста на вакцината, бидејќи комитетот допрва треба да добие повеќе докази.

Клиничките испитувања на вакцината врз неколку илјади луѓе сè уште траат.

Сега започнува прелиминарниот преглед на потенцијалната вакцина за да се забрза неговото одобрување во кризни ситуации. ЕМА ги анализира податоците што ги добива од тековните тестови, сè додека не бидат доволни за да се достави официјална апликација за одобрување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e