Петнаесетгодишното девојче кое беше тешко повредено во земјотресот што вчера го погоди Загреб, почина денеска, изјави директорот на Клиниката за детски болести во „Клаичева“, Горан Роиќ.
И покрај сите напори на лекарите да го спасат, не успеале и попладнево девојчето им подлегнало на повредите.
Земјотрес со магнитуда од 5,3 степени , според Рихтеровата скала, вчера утрото го погоди главниот град на Хрватска, Загреб, а по него следеа неколку последователни удари кои предизвикаа штети на зградите. Досега пријавени се 5.500 оштетени објекти.