Побегнале од затвор низ дупка на плафонот

Двајца опасни затвореници кои се обвинети за убиство побегнале од затвор во Калифорнија така што прво се провлекле низ дупката во плафонот на тоалетот која била помала од 60 сантиметри, а потоа низ ѕид пред да го пронајдат отворот за бекство, соопштиле во понеделникот затворските официјални лица.

Затворениците направиле дупка долга 20 и широка 56 сантиметри, а потоа низ ѕидовите на затворот побегнале.

„Сметаме дека се многу опасни. Ве молиме да повикате полиција ако ги видите или знаете каде се наоѓаат“, апелираат властите до граѓаните.

За сега не е утврдено колку долго ја копале дупката и дали некој им помогнал.

Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e