Папата Франциск се извини за вчерашниот гест кога на плоштадот Свети Петар во Ватикан удри верничка која грубо го повлече со рацете и не сакаше да го пушти.
Извинувањето од Ватикан доаѓа непосредно пред првата миса на папата Франциск за 2020 година на која тој го осуди насилството врз жените нарекувајќи го „навреда на Бога“.