Пакистан бара поголема улога на САД во сударот со Индија

Амбасадор на Пакистан во Вашингтон Асад Кан побара поголема улога на САД во намалување на тензиите меѓу Индија и Пакистан.

– Сакаме да видиме поголема вмешаност на САД, рече Кан.

Пред Индија и Пакистан, две нуклеарни сили кои од вторникот се на „воена нога“, сега стои предизвик да спречат ескалација на судирот пред работите да излезат од контрола, коментираат светските агенции.

Досега не е забележано двете земји, кои поседуваат атомски бомби, да извршуваат воздушни напади на територијата на другата.

– Се наоѓаме во непознати води, изјави за Би-Би-Си амбасадорот кој бил и советник на тројца пакистански премиери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e