Унгарската националистичка влада сака да добие поголема контрола врз театрите, што според критичарите може да ја загрози независноста на културата и да ја ограничи уметничката слобода.
Според нацрт-законот, во кој имале увид западни медиуми, владата планира да формира национален културен совет, на чело со министерот, со цел „поставување приоритети и насоки што треба да се следат во унгарската култура“.
Министерот исто така ќе влијае врз изборот и отстранувањето директори на театри и институциите што се заеднички финансирани од централната и локалната власт.
„Ова е неопходно со цел активно да се заштитат интересите на националната благосостојба во рамките на активности опфатени со овој закон“, се наведува во предлог зкаонот.
Уште откако дојде на власт премиерот Виктор Орбан во 2010 година, неговата партија Фидес го измени Уставот, воспостави контрола врз државните медиуми…
Гаргели Карашони, либерален социолог и градоначалник на Будимпешта, на Фејсбук напиша дека законот е „чекор во многу лоша насока“.
„Тој предлог ќе ја укине културната разновидност, што произлегува од слободата, што значи дека уметниците не можат да бидат држени со политичко јаже“, наведува Карашони.
Унгарското театарско здружение во соопштение предупредува дека таков закон ќе ја ограничи уметничката слобода на неприфатлив начин.
