Најмалку тројца, меѓу кои и дете, загинаа при судар на воз со автобус кај Ниш

Тројца загинати, меѓу кои и дете, во страшна сообраќајна несреќа која се случила утрово кај Ниш, пренесува „Курир.рс“.

Откако воз удрил во автобус, според првичните информации, покрај загинатите, имало и шестмина тешко повредени, а 16 полесно.

Автобусот бил преполовен, а причината поради која дошло до несреќата е се уште непозната.

Екипа на Брза помош, полиција и пожарникари се на лице место и ги извлекуваат повредените и ги носат во болница во Ниш.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e