Повеќе од 3.000 лица се уапсени на денешните протести во Русија за поддршка на опозицискиот лидер Алексеј Навални, соопшти невладината организација ОВД-Инфо.
Според ОВД-Инфо, 844 од апсењата се извршени во главниот град Москва.
Протести беа организирани низ цела Русија, во 11 различни часовни зони.
Руската полиција распореди голем број полицајци денеска и го блокираше пристапот до центрите на неколку градови поради нови демонстрации низ Русија со барање за ослободување на Навални.
Руската полиција ја приведе и Јулија Навалнаја, сопругата на Алексеј Навални, за учество во неодобрен протест во Москва, јавија западни медиуми повикувајќи се на информации на приврзаниците на Навални на социјалните мрежи.
Навалнаја беше приведена на сличен протест минатата недела.