Кралицата Елизабета II засега во добра состојба, последен пат имала контакт со синот на 12 март

Откако утринава ширум светот одекна веста дека престолонаследникот на тронот на Обединетото Кралство, 71-годишниот принц Чарслс е заразен со коронавирус, сите очи на јавноста се свртеа кон 93-годишната кралица Елизабета II, со прашање каква е нејзината здравствена состојба и дали изминатиот период имала контакти со синот.

Имено, портпаролот на Бакингемската палата потврди: “Нејзиното височество, Кралицата, е во добра состојба.”

“Кралицата последен пат го видела принцот од Велс на 12 март и тоа била многу куса средба, а во периодот кој следел продолжила да ги следи сите совети во насока на зачувување на сопственото здравје.” – додаде портпаролот.

Палатата потврди дека Војводата од Единбург не бил заедно со Кралицата Елизабета II во моментите кога таа последно се сретнала со принцот Чарлс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e