Кој ќе биде претседател на САД, ќе одлучи судот?!

По два дена откако повеќе од 150 милиони Американци излегоа на гласање, сè уште не се знае кој ќе живее во Белата куќа во следните четири години, а како што пишува „Њујорк тајмс“ според најавите што доаѓаат од изборните штабови, можеби за тоа ќе одлучува американскиот суд.

Броењето на гласовите на претседателските избори во сè уште не е завршено.

Според изборните гласови, Џо Бајден води со 264, додека Доналд Трамп има 214, а за победа се потребни 270. Џо Бајден ја намали разликата со Доналд Трамп во сојузната држава Џорџија и разликата падна на 18.500 гласови. Станува збор за 16 изборни гласови.
Бидејќи на кандидатот му е потребна поддршка од 270 од 538 гласови за да победи, Бајден треба да освои само една од преостанатите пет држави за да влезе во Белата куќа.

„Ем-Ес-Ен-Би-Си“ пренесе дека броењето на гласачките ливчиња добиени по пошта во Филаделфија е привремено запрено.

Причината за прекинот е барањето на демократите до Врховниот суд на Пенсилванија да ја поништи пресудата на понискиот суд за набудувачите задолжени за броење на гласовите, пренесуваат британските медиуми, без да дадат дополнително објаснување

Пенсилванија е една од клучните сојузни држави во САД за исходот од изборите, во кои броењето на гласовите се уште не е завршено.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e