Брентон Тарант (28) изврши масакр во Нов Зеланд.
Вооружен со автоматско оружје, упадна во две џамии и уби најмалку 49 лица. Тој број би можел да биде поголем.
Брентон Тарант, како што пишува „Дејли Меил“, израснал во Графтон, мал град во Нов Јужен Велс во Австралија.
Неговиот татко, професионален атлетичар, починал во 2010 година од рак. Имал 49 години. Неговата мајка се уште живее во Австралија.
Тарант учел во локалното училиште, а потоа работел како тренер во локалната теретана. Таа работа ја добил во 2009 година. Таму работел до 2011 година, како што пишува „ABC”.
Една жена која го познава од теретаната изјавила дека бил ригорозен што се однесува до прехраната и вежбањето.
„Беше посветен на тренингот и тренинзите на другите. Беше личен тренер и квалификуван да ги подучува другите. Беше добар во тоа“ – изјавила жената.
Наведува дека не зборувала со него за политички или верски уверувања. Додава дека не го слушнала никогаш да зборува за такво нешто.
„Во разговорите кои ги имавме, а кои се однесуваат на животот, не оддаваше дојам на личност со екстремни ставови“ – се присетува таа.
„Знам дека бил во многу различни земји и оти пробуваше многу различни работи. Би рекла дека му се случило нешто на тие патувања“ – изјавила познаничката.
Како што пишува „ABC”, патувал и во Северна Кореја.
Кои се точните причини за нападот и што се се криело во главата на напаѓачот, ќе покаже истрагата. А мотивите можат да се најдат во манифестот, кој го објавил ден пред масакрот.
Во манифестот на 73 страници објаснува зошто баш се одлучил да ги нападне луѓето во џамиите. Исто така, не го крие своето воодушевување спрема Андрес Брејвик, Норвежанецот кој во 2011 година уби 77 луѓе.
Тој во манифестот го нарекол најголема инспирација. Го нарекол витез. А витез го нарекол поради своето воодушевување спрема витезите темплари од 12 век. На истите им се воодушевувал и Брејвик.
„Ги прочитав текстовите на Дилан Руф и многу други, но всушност само Брејвик ме инспирираше“ – напишал тој.
Тарант во манифестот мигрантите кои немаат бела боја на кожата ги нарекол натрапници и “освојувачи“.
Една од главните причини за овој масакр, како што пишува тој, бил нападот во Стокхолм во 2017 година.
Тарант себеси се опишува како “типичен бел маж роден во австралиско работничко семејство со ниски примања“.
Во манифестот за себе изјавува дека образованието не го интересирало многу.
Прво планирал да ја нападне џамијата во Дунедин, но се одлучил за овие две џамии бидејќи во нив, според него, има “многу повеќе натрапници“.
„Нападот во Нов Зеланд ќе го сврти вниманието на вистинскиот напад врз нашата цивилизација, дека ниту едно место во светот веќе не е безбедно, оти освојувачите се населија на сите наши земји, дури и на најоддалечените делови и оти нема каде веќе да се отиде“ – пишал Тарант.