Киднапирале македонски државјани, уапсени се пет лица меѓу кои двајца полицајци

Пет лица меѓу нив и двајца полицајци се уапсени под сомнение за киднапирање. Случајот се случил во вила во општина Ново Брдо.

Полициската спасувачка акција следела по дојава од граѓанин на Северна Македонија, брат на еден од киднапираните, кој ја известил косовската полиција дека непознато лице му испратило му видео од двете жртви, исто така државјани на Северна Македонија.

„Можам да ви потврдам дека пет лица се уапсени, од кои две се полицајци. Постои сомневање за киднапирање. Тие беа фатени на дело во вила во регионот Гњилане дека киднапирале двајца државјани на Македонија заради материјална корист“, рече главен обвинител на Обвинителството во Гњилане, Арбен Кадриу.

На осомничените полициски службеници, заедно со другите кои биле уапсени на дело по наредба на обвинителот, им е одредена мерка 48 часовен притвор.

При полициската акција косовската полиција на местото на злочинот пронајде и одзеде

• две (3) оружја (револвери) од кои (2) официјални револвери.

• Два пара пластични лисици

• Два автомобили во сопственост на осомничените

• И други материјални докази.

„Жртвите беа врзани со пластични лисици, но тие беа во добра здравствена состојба. Откако двајца од уапсените беа идентификувани како припадници на косовската полиција, веднаш беше известен косовскиот полициски инспекторат и пристигна на местото на настанот“, објави полицијата.

Полицијата соопшти дека жртвите биле испратени на лекарска контрола во Ургентниот центар во Гњилане.

Извор: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e