За прв пат во Европа извршена трансплантација на бели дробови кај 45-годишна жена која развила акутна респираторна слабост поради Ковид 19.
Иако претходно не боледувала од ниту едно друго заболување, белите дробови на жената по заразата со корона вирусот биле целосно нефункионални и ова е прв случај во Европа на спасување од сигурна смрт во услови на безнадежна ситуација.
Трансплантацијата ја извел тим лекари од Австрискиот универзитетски оддел за торакална хирургија предводен од раководителот Волтер Клепетко.
Пациентката од корона се заразила пред осум недели, а не и помогнало ниту дишењето преку респиратор.