Исланд веќе неколку години по ред се наоѓа на прво место како најбезбедна земја во светот ,а на последното место како најнебезбедни се Јемен и Филипините, Интересно е дека Македонија е побезбедна земја од САД, кои се на 65-то место.
Од земјите кои се наоѓаат во нашиот регион, најбезбедна е Словенија, Хрватска, Бугарија, Босна и Херцеговина, Грција, Србија и на крај следува Албанија.
Ова рангирање, „Глобал Фајненс“ го правело според неколку фактори, војната и мирот, личната безбедност и ризикот од природни непогоди.
Речиси 16 места од првите на листата се држави од Европа, а останатите кои се врвот, а не се од Европа се Катар, Сингапур, Нов Зеланд и Канада.
Нашата Македонија е рангирана на 59 место според безбедноста.