Исчезнатиот Матеј Периш бил активен на Вибер. Негова слика се појавила во бројни групи поврзани со исчезнувањето на младиот човек. Според српските медиуми Матеј бил достапен во 21 часот и 58 минути. Засега не е познато за што станува збор, со оглед на тоа што медиумите претходно објавија дека неговиот телефон последен пат бил лоциран ноќта на неговото исчезнување во близина на остров во Сава.
Но, не е исклучена можноста истражителите да успеале да ги отклучат апликациите на Матеј и покрај тоа што телефонот не е пронајден.
За оваа информација се огласи и Ненад Периш, таткото на исчезнатиот млад човек.
„За тоа сум известен од полицијата. Тоа се активности кои полицијата ги спроведува како дел од истрагата за сите детали за овој случај“, изјави Перис за Телеграф.рс.
Да потсетиме, Матеј Периш исчезна ноќта помеѓу 30 и 31 декември. Вечерта тој бил во клубот „Готик“ со пријателите, за да го напушти клубот нешто по полноќ, а потоа бил снимен со неколку надзорни камери – како трча, се обидува да запре такси и се спушта по скалите кон Сава.
Потрагата по него трае веќе 23 дена, а истражителите се фокусирани на реката Сава.