Иранската војска вечерва со проектили ги нападна американските воени бази во Ирак. Оваа акција може да се окарактеризира како одмазда за убиството на иранскиот генерал Касем Сулејмани.
-Свесни сме за извештаите за нападите врз американските сили во Ирак. Претседателот е известен за сите детали, ситуацијата се следи внимателно и во тек се консултации со тимовите за национална безбедност, изјави Стефани Гришам, портпаролка на Белата куќа.
Иранската државна телевизија изјави дека оваа акција е наречена “Маченик Сулејмани”.