Им сечеле глави и ги топеле во киселина – Детали за криминална банда во Србија

Полицијата во соседна Србија во соработка со БИА и обвинителството за организиран криминал, освен двајцата организатори, уапсила уште 15 припадници на групата поради сомнение дека извршиле најмалку девет ликвидации, меѓу кои и убиството на навивачот на Црвена Ѕвезда, Здравко Радојевиќ, кој минатата година исчезна без трага.

„Неволја“ бил уапсен на планината Рудник, а Миљковиќ во Белград. Во текот на вчерашниот ден биле претресени повеќе од 30 локации, меѓу кои и три викендички, лоцирани меѓу Лозница и Горни Милановац, во кои биле пронајдени клучни докази за некои од најбруталните злосторства кои ги извршиле.

„Клучните докази за ликвидациите зад кои, како што се сомневаме, стои Беливук со припадниците на неговата криминална група, која според бруталноста кон жртвите го надмина и земунскиот клан, се пронајдени во овие три викендички. Освен оружје, откриени се и материјални докази, остатоци и ДНК материјали, а форензичарите и натаму проверуваат дали меѓу насобраните траги има биолошки материјали од минатиот период“, рекол изворот за српски Курир, објаснувајќи дека три куќи се третираат како места на злосторства.

Според неговите зборови, минатата година се случиле повеќе киднапирања кои се поврзуваат со оваа криминална група, а жртвите, но и нивните тела, не се пронајдени до денес. Според медиумот, вчера биле пронајдени клучни докази кои упатуваат на тоа дека жртвите биле мачени, а потоа горени со киселина во овие куќи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e